• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се одржа јавна дебата за иницијативата „Тетово сака парк“

25/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата „Тетово сака парк“ одржа јавна трибина на која граѓаните се запознаа со детали околу предлогот за формирање на нов градски парк, а се слушнаа и мислење на гости-стручни лица од областа на урбанизамот и планирањето. Дел од граѓаните побараа одговори околу соработката со општината, уредувањето на имотно правните односи и слично. 

Дивна Пенчиќ, универзитетски професор од Катедра за урбанизам при Архитектонски факултет Скопје поддржувајќи ја иницијативата посочи дека на денешницата градовите создаваат повисоки вредности во форма на стратегии и планови со кои се наоѓа начин и насоки како да се создаде поквалитетен живот во тоа населено место.

-Се прават стратегии и визија за развој кои ќе понудат квалитет на живот, за среќа, за здравје на граѓаните, денес плановите се прават како документ кој што се изработува да се знаат условите како правила, пример како да се возиили да играат шах. Планирањето се прави така да го разберат граѓаните на Тетово. Затоа првин е потребен е чекор кон развивање на визија и стратегија за Тетово, а тоа е потребно зошто од сите градови во Македонија на Тетово му недостигаат многу работи, рече Дивна Пенчиќ.

Душица Трпчевска Анѓелковиќ, просторен планер и урбанист од Агенција за планирање на простор констатираше дека во Тетово има девалвација на урбаниот концепт и затоа се потребни вакви иницијативи за формирање на паркови кои се едни од главните одлики на современо урбано место за живеење.

-Постои отсуство на стратегија за локален развој со оглед дека последниот ГУП е од 2003.  Како дел од Агенцијата за планирање на простор знам дека имаше општината обиди да пристапи кон урбанизирање на простори во градот но со документи како што се локална планска документација кои се далеки понетранспарентни и со помал опфат. Со добро менаџирање секој ќе биде задоволен и градот и локалната власт и граѓаните и Тетово ќе да стане хуман и убав град да се врати на она што беше, посочи на дебатата Душица Трпчевска Анѓелковиќ.

Иницијаторите пред присутните обаснија детали на четири клучни прашања кои се појавија во јавноста околу сопственоста на урбаните блокови каде се планираа паркот, како да се создаде паркот, дали има или нема политичка позадина на иницијативата и можноста за алтернативни локации.

ас 

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Општина Тетово вели дека непочитувањето на градоначалникот е причина да се откаже настанот со Министерството за образование

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.