• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се пали сувата вегетација, полицијата предупредува на опасност од пожари 

Голем број помали огнови се забележителни на тетовското подрачје пред се околу земјоделските површини каде сопствениците палат сува вегетација и стрништа. Поради опасност од предизвикување поголеми пожари тетовската полиција апелираше да не се палат ваквите остатоци од нивите.

24/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Голем број помали огнови се забележителни на тетовското подрачје пред се околу земјоделските површини каде сопствениците палат сува вегетација и стрништа. Поради опасност од предизвикување поголеми пожари тетовската полиција апелираше да не се палат ваквите остатоци од нивите.

-Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира до земјоделците, но и до сите други да бидат крајно внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито, но и најдиректно влијаат на аерозагадувањето. Зашто, во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци, со потсетување дека за предизвикување  пожар, намерно или од невнимание, предвидени се затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, велат од тетовската полиција.

Палањето на стрништата и сувата вегетација како трева, жбунови и слично земјоделците го практикуваат во насока на расчистување на нивите поради претстојната пролетна сеидба. Од друга страна ризикуваат тоа да биде причина да за поголем пожар.

Тетовската полиција во октомври 2019 при сличен инцидент приведе  44 годишник од  градот кој на Шар Планина при подготовка да направи скара, запалил оган што се проширил, па изгорела поголема површина сува трева. И  тетовските пожарникари често пати алармираат дека палењето сува трева и стрништа доведува до пожари.

 

А.С

 

Тагови: оганпожари

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Прават мозаици, графики, ткаат на разбој-креативниот лик на „ОУ Андреја Савевски Ќиќиш“-Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.