• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Се расправале за долг па го удрил со возило

Тетовската полиција бележи два физички напади и повредени во сообраќајка во текот на вчерашниот ден. Неколку инциденти во Тетовско со повредени лица

26/08/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

43 годишник од тетовското село Боговиње пријавил дека вчера околу 18 часот и 30 минути, во близина на клучката за Камењане, по претходна вербална расправија во врска со нерасчистени должничко-доверителни односи, со возило бил удрен од 48-годишниот гостиварец Ќ.М.  Се работи на расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.

Исто така вчера  25 август во Секторот за внатрешни работи Тетово, Р.У.(24) од тетовското село Теново пријавил дека истиот ден околу 15 часот и 30 минути физички бил нападнат од Р.С.(31) од  тетовско Долно Палчиште, А.Х.(26) од Теново и едно женско лице. 31 годишникот бил лишен од слобода, додека  26 годишнико сам се пријавил во Полициската станица Тетово. Тие биле задржани за понатамошна постапка.

Вчера  25 август околу 13 часот, на локалниот пат Доброште-Нераште, патничко моторно возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната А.Е. од тетовското село Доброште, излетало од коловоз.   При тоа, возачот, сопатничката Б.М.(63) и двајца малолетници се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Тагови: повреденисвр тетовоудрен со возило.физички напад

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Во Тетово по 14 часот нормализирано снабдувањето со електрична енергија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.