• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Слепите лица во Тетово бараат звучни семафори за полесно движење низ градот

Здружението апелира надлежните да создадат побезбедни услови за движење и пристапност на слепите лица низ Тетово.

15/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Да се постават звучни семафори и натписи со брајово писмно низ градот, беше порачано од скромната активност со која вчера Здружението на слепи лица во Тетово го одбележа 15 октомври Меѓународниот ден на белиот стап, симболот на лицата со слепило или оштетен вид.  Здружението апелира надлежните да создадат побезбедни услови за движење и пристапност на слепите лица низ Тетово.

-Апелираме на потребата од институционално унапредување на инфраструктурните услови низ градот за посамостојно и побезбедно движење на слепи лица низ градот. Да се постават звучни семафори, како и да има натписи со брајово писмо со цел слепите лица побезбедно да се движат низ Тетово. Остварување на правото на писменост,образование, рехабилитација вработување и адаптација на работно место. Да се овозможи независно живеење со персонални асистенти и помагала, истакна Лидија Андоновска од секретар во Здружението на слепи лица.

Здружението на слепи лица во Тетово брои 178 членови.

-Изминатава година бележиме нови членови деца кои во септември се запишаа во Заводот за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, рече Андоновска.

Од 1998 година Здружението е домаќин на меѓународен турнир во шах кој се одржува секоја година. Меѓународниот ден на белиот стап се одбвележува од 1964 година за да се прослават достигнувањата на луѓето кои се слепи или со оштетен вид и белиот стап важниот симбол на слепилото и алатка за независно движење.

 

Тагови: ден на белиот стапслепи лицаТетово

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава
сдсм те

СДСМ Тетово со реакција на идејата на Беса за преименување училишта

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.