Советниците на општина Тетово денес ја започнаа па по втор пат ја прекинаа 31-вата седница која ја почнаа на 28 мај. Како што информираше претседателот на Советот Беким Мемети поради материјали од изборите во салата за одржување на седници, советниците денес одржаа седница преку интернет платформата Зум.
-Продолживме од третата до седмата точка од дневниот ред. Предлог одлука за именвање на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на заедноичкото јавно претријатие Русино-Полог, предлог-одлука за именување на членови на управниот одбор на Русино-Полог, утврдување на потреба од изменување на урбанистичко-планска документација заради огласување на намени за земјиште и траси за сообраќајна инфраструктура. Шестата точка и седма точка беа одлуки за проширување на урбанистичко-планска документација. Другите точки од седмата натаму се усвојување на детални урбанистички планови (ДУП) за кои седницата ќе продолжи во август, изјави Беким Мемети.
На седницата на 28 мај за точките од дневен ред предвидени за менување на детални урбанистички планови беа предмет на расправа при утвдрување на дневниот ред и честите паузи, а од опозиционата ВМРО ДПМНЕ побараа нивно одложување со образложение дека се работи за давање дозвола за изградба на нови 20 катници.
Советот на општина Тетово новата 32-седница ќе ја одржи во среда, додека 31-тата по најавата на претседателот ќе продолжи во август.
А.С