• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Советот на Општина Тетово усвои план за јавниот автобуски превоз, но автобусите ќе почнат да возат за неколку недели

24/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на општина Тетово усвои план и програма за работа на јавното претријатие за превоз на патници „Тетово Транспорт“, но раководството тврди дека за да почне со работа им треба дозвола и од Министерствата.  Одлуката беше донесена на денешната шеста седница на Советот.

-Сега чекаме Министерството за информатичко општество и администрација да даде одговори за систематизацијата на вработените во ова претпријатие.  Ќе почне многу брзо превозот кога ќе добиеме одговор од Министерството. Верувам дека ќе имаме брз одговор, во рок од две недели и потоа ќе започнеме со работа со јавниот превоз во Тетово. Значи кога ќе се систематизираат работниците на работните места во претпријатието. Ова и беше причината за привремениот прекин на јавниот превоз, изјави директорот на Јавното претријатие „Тетово транспорт“, Рафиз Мејдија.

Јавниот градски автобуски превоз во Тетово преку новото претријатие и нови автобуси започна да се одвива на 16 август 2021 во време на претходната градоначалничка. На 7 декември 2021 општината под раководство на Билал Касами, извести дека времено ќе биде прекинат јавниот превоз со автобуси низ градот. 

Во усвоениот план и програма е наведено дека во функција ќе бидат ставени сите пет автобуси на три линии за јавен превоз.  Патниците ќе можат да ги користат автобусите во работните денови од 06:00 до 22:00 часот. 

ас

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

СВР Тетово : Од 11 до 16 часот казнети 34 пешаци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.