• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Соопштение на општинската организација на СДСМ од Тетово

Со дописот реагираат на соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово за состојбите во образованието.

07/09/2019
во Инфо компас
сдсм те

сдсм те

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Почитувани другари од редовите на ВМРО ДПМНЕ, оваа Влада не е “Ќе Влада” оваа Влада е феникс која ја издига државата од пепелта што по 11 години ја оставивте! Евидентно е воочувањето на последиците од Вашето владеење, па се водите со Вашата традиција на избегнување на одговорности и спинување на лажни информации! Граѓаните паметат како Вие суштински го сменивте значењето на поимот “образование”- Поимот образование единствено значеше вработување на Вашиот партиски кадар.

Во Вашето обраќање го имате згрешено називот на училиштето ССОУ Моша Пијаде или Средно СТРУЧНО општинско училиште, што покажува колку тоа сте прагматични и стручни. Самата идеја да вметнете спортска академија во рамките на стручно училиште е небулозна. Затоа можеби и ја згрешивте кратенката на самото училиште. Кога ја формиравте паралелката единствено се грижевте да вработите партиски кадри и не тоа било кој, туку синот на тогашниот Ваш директор инаку Ваш партиски функционер.

Констатацијата дека училиштето ја добило салата само за формирање на спортската академија е неоснована. Доколку не сте информирани ССОУ Моша Пијаде е едно од најстарите училишта во Македонија, а сигурно и пошироко и со тоа и заслужено ја има добиено салата. За секоја сала не се отвори и спортска академија во секое училиште, ниту во Тетово ниту во РС Македонија. Па дури и тоа да е така, треба народот да го знае и следното:

За време од 5 години на постоење на паралелката за фудбал во ССОУ Моша Пијаде училиштето нема добиено ниту еден денар по основ: одржување, средства за хигиена, наставни средства и помагала, греење, електрична енергија па дури и голем дел од наставниците кои предаваа во спортската академија по општообразовни предмети се финансирани од ССОУ Моша Пијаде.

За време на директорот поставен од ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово направен е најголемиот долг во училиштето, повеќе од 1 милион евра. ССОУ Моша Пијаде многу скапо ја има платено спортската сала, па дури и преплатено.ОО СДСМ Тетово не е против развивањето и унапредувањето на спортот и функционирањето на спортската паралелка но не на начин кој знаеше да го направи тоа ВМРО ДПМНЕ. Академија за кајакарство е добра идеја и одличен спорт, но владеењето на ВМРО ДПМНЕ немаше време за креативност, идеи , па и за грижа за здравјето на граѓаните. Но секако имаше време за исполнување на партиските интереси.
ССОУ Моша Пијаде поддржано од општината полека прераснува во техничко училиште кое секојдневно ги развива капацитетите во стручното образование. Менаџментот на училиштето, заедно со основачот, одлучиле да воведат едносменска настава во следната учебна година со цел да се заштеди во трошоците на училиштето, а со тоа и намалување на долгот. Оттука и одлуката доставена до МОН за тоа дека во училиштето нема просторни услови за постоење на спортската академија.

Проблемот со гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово имавте можност да го решавате цели 11 години, додека бевте на власт и на локално и на централно ниво. Но тогаш не Ви беше грижа за тоа дали учениците имаат услови или простории за следење на настава, учениците беа расштркани низ повеќе училишта, па дури настава се следеше и во салата на Општина Тетово, со часови од едвај 30 минути.
Денес, на учениците им се овозможени услови за нормално и непречено одвивање на наставата во зградата на старото медицинско училиште.Учениците почнаа повторно да учат во училници!

Што се однесува до наставата за учениците во ОСМУ “Никола Штејн” повторно се служите со Вашата реторика на поделби и национализам, иако добро знаете дека училиштето овозможува нормални услови за работа во сите негови пpoстории. Единствена поделба на учениците во тоа училиште за тоа на кој кат е нивната училница е врз основа на тоа во која година следат настава. Без разлика на тоа дали се од македонска или албанска настава.

Ја враќаме земјата на вистинскиот пат, градиме држава по европски стандарди и креираме демократско, заедничко, праведно и еднакво опшество. Ги враќаме парите кај граѓаните, создаваме силна и стабилна економија, градиме инфраструктура и се грижиме за потребите на граѓаните. Сите сме еднакви, секој човек е важен, шанса има за секој! Вложуваме во младите, градиме по план.

Со почит,

Центар за комуникации и односи со јавност на ОО СДСМ Тетово

Тагови: оо сдсм тетовосоопштение

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: Граѓаните да платат данок на имот за да нема присилна наплата

25/01/2023
Инфо компас

Акција „Плати 2-земи 3“ на FLAIR брендот за спортска облека во Тетово и Гостивар

23/01/2023
Следна објава

Претставници на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово со положување цвеќе пред Споменикот на револуцијата го одбележија Денот на независноста 8-ми Септември

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.