• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Странските инвестиции можност младите да останат во Македонија

30/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

24 годишната Кристина Добревска од Тетово, дипломиран машински инженер, беше претставена како дел од инженерскиот тим на најновата странска инвестиција во Македонија, канадската компанијата „Магна“ која денес ја презентираше отворената фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга. Кристина која ќе работи како инженер за квалитет во прозиводство во фабриката, посочи дека ваквите инвестиции се можност младите да останат во сопствената држава.

-Сметам дека ваквите инвестиции се од круцијална важност младите да останат во државата, нудат многу можности за младите да решат да останат во државата. Младите да не се плашат од предизвици да веруваат во себе и да вложуват во нивното знаење бидејќи тоа ќе значи отворање на врати и вработување како во компанијата Магна, рече Кристина, која дипломирала 2019 година на Машинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

 

„Канадската компанијата „Магна“, донесе одлука да инвестира и отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, а на денешната промоција присуствуваа и највисоките владини претставници. 

Инвестицискиот циклус на „Магна“ започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година, а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од  околу 17.000м2.  Фабриката ќе произведува ретровизори за „Дачиа Дастер“.Во моментот веќе се вработени 40 лица, а согласно договорот за државна помош ќе бидат вработени 300 наши сограѓани. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.200 работни места.

Согласно договорот за државна помош, висината на инвестицијата изнесува најмалку 35 милиони евра.

Потпретседателот на компанијата „Магна“, Дејвид Креспи, ја презентираше новата инвестиција во Струга и рече дека „Магна“ има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди.
 
На настанот во своите обраќања младите инженери вработени во  „Магна“, Кристина Добревска и Мишо Велјаноски упатија мотив за сите идни заинтересирани за професионален развој согласно современи стандарди.

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Приведен 20 годишник кај кого се најдени кокаин и марихуана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!