• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетово учеше од Куманово практики за превенција и справување со насилен екстремизам

Претставници на тетовската и кумановската локална самоуправа денес во Тетово одржаа работна средба за размена на најдобри практики во насока на превенција и справување со насилен екстремизам.

29/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на тетовската и кумановската локална самоуправа денес во Тетово одржаа работна средба за размена на најдобри практики во насока на превенција и справување со насилен екстремизам. Организаторите на средбата, невладините организации Американски Републикански Институт и Нексус-граѓански концепт, го потенцираа успешното и лидерско искуство на општина Куманово во државата.

„Добрите практики на Локалниот совет за превенција во Куманово може да укажат како во Тетово истиот да биде поактивен. Кумановскиот совет успешно ги врзува во партнерство повеќе институции, рече Афродита Муслиу од Нексус-граѓански концепт.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски потенцира дека по пат на дијалог, дискусија, треба да се работи на темата во јавноста и така се доаѓа до поголеми резултати.

„Едноставно превентивно се делува на одреден план на заштита на општеството од потенцијални ризици, подобро е да се разговара пет пати отколку да се делува со репресивни средства кое го има единствено полицијата . Имаме многу случаи каде млади групи знаат да се радикализираат, на спортски настани, манифестации, за верски радикализам, но отворено и активно се зборува и работи на превенцијата на општеството, рече Димитриевски.

Според него во Македонија првенствено треба да се негува традицијата и мултиетничкиот карактер.

„Секој денар вложен на полето на превенција после години се враќа 20 пати повеќе. Многу е добро да потрошите на старт помалку средства а повеќе време да се посветите на една тема отколку да се генерира одреден проблем да морате истиот да санирате дополнително и самата санација остануват последици во општеството,рече Димитриевски.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи потсети дека локалниот совет во Тетово работи над една  деценија со редовни средби со институциите, како што се СВР Тетово, ОБСЕ и други кои се важни за овој процес.

„Можам да се пофалам во секторот образование и полиција затоа што ни било многу важно во нашите училишта да имаме стабилни ситуации. Важен состанок за две општини каде има претставништва на ОБСЕ, со оглед дека глобалните опасности се сериозни и треба да има и локални мерки да се превенираат тие ситуации, изјави Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово.

Џемаил Ајвази претставик на Националниот комитет за справување со насилен екстремизам и тероризам при Владата истакна дека телото не се ограничува на владин и невладин сектор туку кон сите чинители кои може да придонесат во превенција.

А.С

Тагови: екстремизампревенција

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Тетовци нема каде да пријават нерегуларности поврзани со животната средина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.