• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 29 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетовската градоначалничка со осврт на 2019 и најава што ќе работи во 2020 година

30/12/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалничката на Тетово, Теута  Арифи одржа прес конференција за да се обрати пред медиумите со осврт на сработеното во 2019 година. Таа ги наброја, како што рече најважните проекти, во инфраструктрата, образованието, животната средина и други области.

-Годината што ја оставаме зад себе несомнено  ги носи со себе предизвиците и можностите со кои се залагавме да го направиме Тетово град што се развива, расте и доживува синхронизиран и многу природен социјален, економски и инфраструктурен напредок. Затоа, како и досега, поставивме цели и политики за одржлив и долгорочен развој, затоа што проблемите што ги наследивме бараа сигурни, добро осмислени решенија кои би им служеле за благосостојба и потребите на граѓаните на општина Тетово.

За наредната година таа посочи дека ќе се работи на подобрување на патната инфраструктура.

-Ќе продолжиме со градежните  работи за пробивање на бул. Индустриска од Спортскиот центар до градската касарна, а со тоа ќе се овозможи и алтернативна вон-градска рута за тешките товарни возила, кои покрај сообраќајниот хаос значително придонесува за загадување на амбиенталниот воздух. Овој многу важен инфраструктурен проект сега ги помина сите формални фази и процедури за набавка, а неговата имплементација се очекува да започне во април следната година. За следната година започнеме со експропријација на имотот на граѓаните за отворање и пробивање на булеварот „Благоја Тоска“, од Клиничкиот центар до крстосницата на текстилното училиште, кој воедно е еден од најважните проекти за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж во градот. Аплициравме и се квалификувавме успешно на сите повици за грантови на централната власт, така што во 2020 година ќе извршиме реконструкција и асфалтирање на некои патишта во градот, како што се: Јане Сандански, ул. Гоце Делчев, ул. 29 ноември, ул. Од Клиничка болница до улицата Дервиш Цара, како и ул. Гоце Стојчевски.

Арифи очекува во 2020 да се пуштат во употреба автобусите за новото градско претријатие за превоз.

А.С

 

Тагови: најава 2020осврт 2019

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Теута Арифи: Случајот на Обвинителството е од 2012, повеќе информации имаат другите органи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.