• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската касарна го одбележа Денот на Армијата

По повод празникот 21 припадник на Армијата од гарнизонот Тетово добија унапредување, пофалница или награда. По завршување на официјалниот дел беше реализиран техничко-тактички збор на вооружувањето и воената опрема со кои располага единицата.

16/08/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во пресрет на 18-ти Август Денот на Армијата на Република Северна Македонија во касарната „Народен херој Кузман Јосифоски – Питу“ во Тетово беше одржана воена свеченост на единиците од гарнизон Тетово. По повод празникот 21 припадник на Армијата од гарнизонот Тетово добија унапредување, пофалница или награда. По завршување на официјалниот дел беше реализиран техничко-тактички збор на вооружувањето и воената опрема со кои располага единицата.

-Нашиот баталјон и единици од гарнизонот во Тетово имаат активно учество во голем број вежби и операции за поддршка на меѓународниот мир во кои учествува АРМ. Со тоа докажавме дека сме подготвени да бидеме еден до друг со нашите партнери од НАТО, а извесен факт за тоа е дека нашата Армија ги спроведува завршните процедури за полноправно членство во Алијансата. И нашиот 3 механизиран пешадиски баталјон во овие години беше во континуиран процес на трансформација и со голем успех ги исполнуваше своите функционални задачи. Ангажирани бевме во мигрантската криза, како и предизвиците на природните непогоди. Тоа е доказ дека Армијата секогаш е и ќе биде отворена спрема општеството и дека соработуваме со цивилните структури, истакна во пригодниот говор командантот на касарната, потполковник Изаир Ејупи.

Во рамки на одбележувањето на 18-ти Август имаше постројување на припадниците на единиците од гарнизон Тетово, интонирање на државната химна и химната на Армијата како и оддавање на почит на загинатите борци од НОБ и загинатите и починатите припадници на Армијата.

На 18 август во 1943-та година на падините на Славеј Планина бил формиран баталјонот Мирче Ацев , како прва регулирана воена единица на Народноослободителната војска на Македонија. Тој датум е определен како ден на Армијата, а годинава се одбележуваат 27 години од формирањето на АРМ во 1992 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови: 180ти АвгустАРМкасарна Кузман Јосифоски ПитуТетово

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Населбата Дреновец во Тетово се соочува со недостиг од вода за пиење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.