• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетовскиот алпинист Надир Мурсели се искачи на три шарпланински врвови за еден ден

За помалку од 24 часа тетовскиот алпинист Надир Мурсели успеа да се искачи на три врвови на Шар Планина- Титов врв, Кобилица и Љуботен.

20/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во еден ден или за помалку од 24 часа тетовскиот алпинист Надир Мурсели успеа да се искачи на три врвови на Шар Планина- Титов врв, Кобилица и Љуботен. За да стигне до трите врвови му беа потребни околу 20 часа, со поминување на висинска разлика од од 4000 метри и поминати 53 километри со пешачење.

Акцијата ја започна вчера четврток 19 мај во еден часот по полноќ кога со логистичка поддршка од колегата Лабинот Ахмети тргна почна од Попова Шапка кон Титов врв. Екстремната планинарска тура до трите највисоките планинарски ја заврши околу 21 часот на врвот Љуботен.

-Искачување на три врва во еден ден како што се Титов врв Кобилица и Љуботен се исклучително напорни. Јас си поставив цел од три врва – не еден,два туку три. Целта е многу битна, не сум тркач во планини или маратони едноставно само со одење-планинарење.  Фокусот е исто многу битен, а а тоа е планината. Среќен сум што за време на искачувањето вчера темата беше само планината и што имав со кого да ја споделам во телефонските разговори и пораки од типот до кај си,уште колку има, каде си и слично, вели тетовскиот планинар Мурсели, инаку член на клубот „Љуботен“.

Тој авантурата ја започна со планинарење од Попова Шапка до Титов врв на 2747 метри надморска височина и назад до Попова Шапка. Потоа следуваше врвот Кобилица на 2528 метри со пешачење на релација Бродец-Кобилица-Бродец. Искачувањето до последната дестинација врвот Љуботен на 2499 метри го започна од Старо село.  

-Живееме во едно време кое се вика стрес, но животот е убав на планина. Се движев потполно сам кон Титов врв,  а се гледаше целиот полошки регион. Го дочекав изгрејсонцето на Титов врв.Ова се нешта што не се купуваат и затоа вредноста им е поинаква и поголема, вели Надир.

Тетовскиот планинар е роден 1977 година, а од детството е учесник во планинарските искачувања, а потоа и со алпинизам. Има долга листа на искачени врвови и алпинистички насоки на карпи. На Алпите има искачено 13 врва над 4000 метри, а вкупно 40 пати бил на сите алпски врвови затоа што има и живеено во Швајцарија. Највисоко Надир стигнал на Хималаите, на Ајланд Пик на 6.200 метри надморска височина, како и Мекинли и Аконкагва. Едно од поинтересните патешествија на Надир Мурсели е и искачувањето на Титов врв каде ја дочекал и новата 2000-та година.

ас

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Утре ќе се одржи Интернационален фолклорен фестивал „Пелагија – 2022“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.