Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф учествуваше на хиротонијата во епископ на архимандрит Партениј од Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител.
Вчера 11 јули, сабота, со почеток во 18:00ч, во Свештената, Бигорска Обител се изврши наречението за епископ игуменот Архимандрит Партениј.
Денес недела, на празникот на Светите Првоврховни Апостоли Петар и Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид, беше отслужена празнична Божествена Литургија, на која Старецот и игумен Партениј беше хиротонисан за епископ Антаниски.