• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Тетовци нема каде да пријават нерегуларности поврзани со животната средина

елефонскиот број 0800 55 043 за пријавување незаконитости од областа на животната средина во рамки на општина Тетово не работи долго време, реагираат граѓаните.  Исто така се забележува на општината дека нема одговори на пријавите преку посебната интернет страница „Тетово Еко извештај“.

29/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Телефонскиот број 0800 55 043 за пријавување незаконитости од областа на животната средина во рамки на општина Тетово не работи долго време, реагираат граѓаните.  Исто така се забележува на општината дека нема одговори на пријавите преку посебната интернет страница „Тетово Еко извештај“.

-Со години трае практиката да нема одговори од надлежните во општина Тетово кога станува збор за пријавите на граѓанте на „Тетово Еко извештај“.  Исто таква е ситуацијата и со телефонскиот број, велат од невладината организација Еко Герила од Тетово.

Градоначалничката Теута Арифи одговори дека треба да се провери што станува со телефонскиот број, а тврди дека се казнуваат прекршителите.

-Секогаш вршиме контрола на ист тој број. Многу ние важно да во овој период на година да биде во функвција а ќе го провериме уште еднаш. Во однос на пријавите кои се докажани после излегувања на испектори на терен има неколку компании кои биле казнети. Се соочиле со казни од 2500 евра, кои ако се платат во првите седум дена, сумата се преполовува, рече Арифи.

Примената на е-report Тетово е создадена со цел граѓаните во секое време да имаат можност да ги пријават несовесните однесувања на физички и правни лица кои со своите постапки ја загадуваат животната средина. Општинските еколошки инспектори ќе реагираат за секој случај пријавен од страна на граѓаните, кои мора да пополнат образец и да испратат фотографии од местото на настанот, стои на страницата.

Изминатите седум денови од 22 до 28 јануари, во Тетово се бележи загаден воздух и надминување на дозволените 50 микгрограми ПМ10 на метар кубен. Среднодневните концентрации според Државниот мониторинг систем се движат од 133 до 206 ПМ10 на метар кубен.

А.С

Тагови: пријавување неправилности

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Девојче повредено на двете нозе поради напад од бездомно куче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!