• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 27 јануари 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide
Home Теми и интервјуа

Тетовчани меѓу учениците и професорите во средното богословско училиште „Свети Климент Охридски“

26/07/2020
во Теми и интервјуа
0
SHARES
808
VIEWS
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Македонската православна богословија Свети Климент Охридски во Скопје или средното богословско училиште, кое постои од 1967 година, е образовната институција каде своето образование го стекнале речиси 1000 ученици, завршени богослови од кои во голем дел потоа се во служба на МПЦ како свештенослужители. Голем број тетовски свештнонослужители своето средно образование го имаат стекнато таму, а неколкумина биле и ангажирани како професори.


Оваа образована институција се востановува со возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, на Третиот црковно-народен собор, одржан во Охрид, во 1967 година, при што се донесува и Одлука за формирање на средно богословско училиште, во кое ќе се школува, на свој мајчин јазик, идниот кадар на Македонската Православна Црква. Првично за простории на Богословијата се одредуваат адаптирани згради на манастирот Горен св. Илија во с. Бањани, Скопско, а подоцна во сегашниот објект во село Драчево.

На 27 јуни годинава во присуство на ректорот на Богословијата, митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на Синодот на МПЦ-ОА митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот Брегалнички г. Иларион и митрополитот Европски г. Пимен се поделиле сведителствата и дипломите на  52 генерација на 19 успешно завршени матуранти-богослови.Ученикот Борис Стоилковски бил прогласен за ученик на генерацијата.

Во моментот во Богословијата како професор работи Живомир Јосифоски од Тетово. Тој е еден од многумината тетовци кои го завршиле средното богословско училиште. Роден е 1988 година во Тетово) од православни родители протојереј Томислав и Афродита, по завршувањето на основното училиште, во родниот град, школувањето го продолжил како ученик во XXXIX генерација богослови во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски” – Скопје (2002 – 2007). Со понатамошно богословско надградување се здобил на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” – Скопје (2007 – 2012), а потоа во Санкт-Петербуршката духовна академија – Русија (2013 – 2016), каде магистрира со одбрана на магистерскиот труд од областа на новозаветната егзегетика, на тема: „Егзегеза на случувањата во последните денови и Воскресението на Господ Исус Христос во македонските, српските и бугарските истражувања на XX – XXI век”. Од 1 јануари 2017 година е назначен за професор во Македонската православна богословија. Предава предмети Свето Писмо, Стар завет, Патрологија и Догматика.

Во изминатите десетина години од тетовскиот крај и таму учеле и Филип Станкоски, Милош Дрпа и Ангел Василковски. Како предавачи биле свештенослужителите Синиша Ристоски (од 2003 до 2007) и Жарко Мицковски (од 2006 до 2009). Ученици во ова училиште биле и сегашниот владика на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф како и сегашниот ректор владикатаа г. Агатангел.

За запишување во Бгословијата е потребно учество на приемен испит во јуни во пресрет на учебната година која почнува од септември. Богословијата предвидува пет училишни години или пет класови. На крај од петгодишното образование се полага зрелосниот испит за матурантите при Богословијата. Матурскиот испит предвидува писмената работа и полагање по стручните предмети.

Учениците кои сакаат да посетуваат Богословија како избор за средношколско образование треба да престојуваат во тамошниот интернат со оглед на целодневните обврски поради потребата за теоретско образование и духовна наобразба. Наставата се одвива од понеделник до сабота, а во недела денот според Божјите заповеди е ден за одмор и посветување на Бога.

-Од понеделник до сабота будењето е во 6 часот, па во 6.30 е предвидена утрената молитва во тамошниот параклис, а во тие половина час учениците имаат можност за сите утрински потреби. По појадокот од 8 часот започнува наставата која се одвива се до 12 часот и 50 минути. Следува ручек во 13 часот па слободно време се до 15 часот кога е вечерата молитва.

Од 16 часот занимањата, за време на кои учениците се подготвуваат за часовите од наредниот ден. Остатокот од денот учениците учествуваат во вечерните богослужби и богословски трибини, имаат хорски проби, литературна секција, спортско попладне како и слободни активности надвор од објектот на Богословијата.

Во рамки на својата духовна наобразба сите ученици имаат свои послушанија, едни се читачи за време на бослуженијата, други пејачи, некои прислужници во олтар и други задолженија. Дел од образованието на учениците се и поклонички патувања, објаснува Живомир Јосифоски.

Професорите од Богословијата заедно со учениците го издаваат и ученичкото списание „Млад Богослов“ кое се печати во 300 до 500 примероци.

Богословијата има своја библиотека која брои речиси 10.000 книги, како и своја интернет страница.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност 

09/01/2021
Теми и интервјуа

Песните како начин на откривање на судбините на тетовчани во минатите векови

27/12/2020
Теми и интервјуа

Поради коронавирусот потребна е дезинфекцијата на јавните простори, но постои и ризик од хемиските материи

26/12/2020
Теми и интервјуа

Без стратегија и компетенција за менаџирање на ски центарот и еден метар паднат снег не е доволен

11/12/2020
Теми и интервјуа

Страдањата од бугарска фашистичка окупација во Тетовско опишани во неколку книги

06/12/2020
Теми и интервјуа

Еден километар градска улица налик на земјен пат

02/11/2020
Следна објава

Активисти алармираат на опасностите од труење на кучиња по здравјето на децата и луѓето

Tetovo, Macedonia
среда, јануари 27, 2021
Cloudy
-3 ° c
71%
1.24mh
-%
-1 c -11 c
сре
5 c -9 c
чет
6 c 0 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Искуство на Мелиса Ценоска – Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

    1978 shares
    Share 1978 Tweet 0
  • На 52 години вчера почина Горан Чавдаровски, истакнат спортски работник во атлетика

    1689 shares
    Share 1689 Tweet 0
  • Министерот Наќе Чулев во Тетово изврши увид како се врши контролата при полицискиот час

    426 shares
    Share 426 Tweet 0
  • Од мака поради руинираната улица, наместо општината, на Поток 68 годишниот Каме сам ги пополни дупките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листа со маркети и аптеки кои ќе работат во сабота и недела

    394 shares
    Share 394 Tweet 0
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!