Странски државјанки кои работат како келнерки, танчерки или пеачки, а воедно непријавено престојуваат и работат на тетовското подрачје. Речиси секоја недела се откриваат вакви случаи, кога се приведуваат пред сè жени, во тетовските угостителски објекти од страна на полицијата. Ваквите приведувања на странски државјанки над 20 години во Северна Македонија полицијата ги прави поради сомневања дека се направени кривичните дела трговија со луѓе, илегална миграција и принудна проституција. Работењето како пејачки, танчерки и келнерки се смета за превез под кој младите жените извршуваат и проституција. Сепак, полицијата тешко го докажува ова дело, а најчесто жените завршуваат депортирани во земјите од каде што доаѓаат, најчесто само поради утврдување на нелегален престој.
„Споредено со пред десетина години, лани и годинава посебно, значително намален е бројот на странските државјанки кои непријавено престојуваат и работат на ова подрачје. Тогаш, далеку поголем беше бројот на вакви лица, пред сè од Бугарија, Украина или Молдавија, кога само во една акциска контрола се откриваа и по педесетина и повеќе девојки. Кога станува збор за откриените странски државјанки, постои сомнение дека некои од нив се инволвирани во проституција, односно трговија со луѓе или други криминални активности. Меѓутоа, непобитен факт, кој се темели на нашето досегашно професионално искуство, е дека трговијата со луѓе тешко се препознава и докажува“, објаснува портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски.
Соседните земји Албанија, Косово* и Србија, како и од другите градови од Северна Македонија се местата од каде сега жените доаѓаат за ваква работа.
-Најголемиот број од нив престојувале непријавено, односно спротивно на целта и го злоупотребиле туристичкиот престој, поради што се приведени, кусо задржани во СВР Тетово и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Речиси сите потоа изведени се пред судија за прекршоци на Основните судови во Тетово и Гостивар и со изречени парични глоби и времени забрани за влез во Република Северна Македонија, депортирани се во нивните матични земји“, вели порпаролот Марјан Јосифовски.
Состојби пред дваесетина години-насилна трговија со луѓе и принудување на проституција
Годишните извештаи на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција укажуваат на подрастичните случувања, но и судски докажаната принудна проституција, трговија со луѓе и илегална миграција кои се бележат пред дваесетина години во целата држава, а особено во тетовско. Само во 2003 година кога започнува евидентрирањето на состојбите и формирањето на транзитен центар за жените жртви, на цела територија кривичнo сe приjaвeни 126 стoрители за извршeни 82 кривични дeлa. Сe рaбoти зa 42 кривични дeлa „тргoвиja сo луѓe” извршeни oд 78 стoритeли, 30 кривични дeлa за кривично дело “пoсрeдувaњe и пoдвeдувaњe нa прoституциja” извршeни oд 34 стoритeли, дoдeкa зa „зaснoвaњe рoпски oднoс и прeвoз нa лицa вo рoпски oднoс”, приjaвeни сe двajцa стoритeли зa извршeни шест кривични дeлa.
Зa нeдoзвoлeнo прeфрлaњe прeку држaвнaтa грaницa, извршeнo нa oргaнизирaн нaчин, приjaвeни сe 12 стoритeли нa oсум кривични дeлa, при штo вo пoгoлeм дeл сe рaбoти зa eкoнoмски eмигрaнти кoи пo пaт нa oргaнизирaни мрeжи, илeгaлeнo сe прeфрлaaт прeку Maкeдoниja.За сите случаи, постапките се воделе против сопственици на угостителски објекти.
„Вo врскa сo пoднeсeнитe кривични приjaви oд дeлoт нa тргoвиjaтa сo луѓe и принуднaтa прoституциja, мoжe дa сe кoнстaтирa дeкa вo ситe случaи сe рaбoти зa рeaлизaции нa кривични дeлa прoтив сoпствeници нa угoститeлски oбjeкти нa пoдрaчjeтo нa Teтoвo, Гoстивaр, Стругa, пoтoa Кичeвo, Кумaнoвo, Скoпje и Oхрид кoи зaрaди стeкнувaњe прoтивпрaвнa имoтнa кoрист, купувaлe, зaсoлнувaлe или прифaќaлe стрaнски држaвjaнки зaрaди eксплoaтaциja пo пaт нa прoституциja, принуднa рaбoтa или слугувaњe вo нивнитe угoститeлски oбjeкти кaдe рaбoтeлe и кaкo тaнчeрки, дoдeкa сeксуaлнитe услуги ги дaвaлe и вo други oбjeкти нa пoдрaчjeтo. Гoлeм дeл oд жртвитe oд тргoвиjaтa, сoпствeницитe нa угoститeлскитe oбjeкти мeѓусeбнo ги прeпрoдaвaaт, при штo вo eдeн случaj, пoрaди мeѓусeбнo нeсoглaсувaњe oкoлу прoдaжбa нa стрaнски држaвjaнки, при oбид зa нaсилнo грaбнувaњe, нaстaнa и вooружeнa прeстрeлкa вo кoja три стрaнски држaвjaнки бea усмртeни, a eднa пoврeдeнa“, се вели во Извештајот од 2003 година.
Штo сe oднeсувa дo жртвитe нa тргoвиjaтa сo луѓe и принуднaтa прoституциja, сoглaснo пoдaтoцитe oд Tрaнзитниoт цeнтaр зa стрaнци, вo тeкoт нa 2003 гoдинa, прифaтeни сe 132 стрaнски држaвjaнки кaкo жртви нa тргoвиjaтa, ситe oд истoчнoeврoпскитe зeмjи. Спoрeд нaциoнaлнaтa структурa, 56 сe рoмaнски држaвjaнки, 51 мoлдaвски, 14 сe бугaрски, 9 укрaински и eднa држaвjaнкa нa Бeлoрусиja, кaкo и eднa држaвjaнкa нa БиХ. Спoрeд стaрoснaтa структурa, нajгoлeм брoj oд прифaтeнитe стрaнски држaвjaнки сe нa вoзрaст oд 19-25 гoдинa, a рeгистрирaни сe и 24 лицa нa вoзрaст дo 18 гoдини, oд кoи три нa вoзрaст дo 15 гoдини.
Во 2003 година Министерството за внатрешни работи формираше Транзитен центар за жените кои беа жртви на трговија со луѓе и проституција, за да преку рехабилитација ја спроведува постапката за нивно враќање во матичната земја. Во извештајот од 2003-та се наведува дека е организирано и доаѓање нa свeдoци вeќe рeпaтрирaни вo мaтичнитe зeмjи, како за судењето против Дилавер Бојку од Струга и Агрон Meмeди од Куманово. Во извештајот од 2005 година е наведено дека имало видео конференциско сослушување на сведок од Молдавија пред Основниот суд во Тетово.
Помалку жени пристигнуваат од источноевропските земји, повеќе од соседството
Годишниот извештај на Комисијата покажува дека неколку години подоцна во 2007 состојбите се уште се слични, но почнува промената во однос на тоа од каде доаѓаат женските лица за да работат како танчерки, пеачки и келнерки.
-Во 2007 година на подрачјето на Тетово и Гостивар беа извршени 29 акциски контроли во 71 угостителски објекти, во рамките на кои беа откриени вкупно 249 женски лица. Од нив, 152 се странски државјанки (66 албански, 46 српски, 37 бугарски, две хрватски и една од БиХ), кои се сместени во Транзитниот центар за странци или депортирани во матичните земји, како и 97 македонски државјанки од кои девет се малолетни. Поголемиот дел од женските лица нелегално престојувале и работеле во угостителските објекти како келнерки, пејачки или танчерки, додека на некои од нив им била ограничувана слободата на движење и биле принудувани да даваат сексуални услуги, се вели во Извештајот од 2007 година.
Во Извештајот од 2007 година се констатира дека има судски пресуди за подведувањето на малолетните лица.
„Три од малолетните жртви беа застапувани пред Основен суд Тетово за кои главниот претрес е завршен и е донесена пресуда. Обвинетите се огласени за виновни и на првообвинетиот му е изречена казна затвор од 6 години во отсуство, а за второобвинетиот изречена казна затвор од 4 години“, стои во Извештајот.
Понатаму во Извештајот се наведува дека на тетовското подрачје поднесени се кривични пријави за „трговија со луѓе” против сопственикот и вработени во угостителски објект во село Палатица, како и против сопственик на пицерија во село Камењане, а карактеристично е дека и во двата реализирани случаи, предмет на трговијата со луѓе се македонски државјанки, што укажува дека во земјата е присутна појавата на внатрешна трговија со млади девојки заради сексуална експлоатација.
„Во текот на 2007 година, откриени се вкупно 12 кривични дела „посредување во вршење проституција“, извршени од 15 сторители, како и четири кривични дела „подведување и овозможување полови дејствија“ за кои се пријавени осум сторители. Во откриените случаи, посредувано е и се подведувани на проституција 11 македонски и една бугарска државјанка, при што четири од девојките биле малолетни. Истите, од страна на сторителите, со употреба на физичка сила и закани, биле подведувани на проституција со повеќе машки лица во куќи и станови, за што посредниците добивале одреден паричен надомест, се вели во Извештајот.
Нелегалниот престој како превез за нелегалната миграција и проституција
Од Министерството за внатрешни работи добивме податоци дека во минатата 2020 година продолжиле акциите за откривање на странски државјанки кои претежно се во државата со нелегален престој, за кои постојат сомневања дека се дел од процесот на одвивање на проституција во угосителските објекти.
-Во текот на 2020 година од страна на СВР Тетово преземени се организирани мерки и активности и спроведени се 24 акциски контроли во угостителски објекти од кои 15 акциски контроли се на подрачјето на Тетово, додека 9 акциски контроли се на гостиварското подрачје. При контролите затекнати и приведени биле вкупно 228 женски лица од кои 104 се македонски државјанки, додека останатите 124 се странски државјанки (38 државјанки на Албанија, 13 државјанки на Косово, 41 на Србија, по 7 на Бугарија и Босна и Херцеговина, по 1 на Молдавија и Шведска, 9 на Украина и 7 државјанки на Русија ). Во текот на 2020 година Националната единица за сузбивање криумчарење на мигранти и трговија со луѓе нема поднесено пријава против странски државјанки за сторени кривични дела „трговија со луѓе“и „криумчарење мигранти“ за подрачјето на СВР Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од друга страна, податоците кои ги добивме од Основен суд во Тетово покажуваат дека сузбивањето на трговијата со луѓе и подведувањето на проституција се потешко се докажува. Од судот ги проверија податоците кои се евидентират во Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС) инаку во употреба од 2009 година.
-Осудени лица за кривично дело трговија со луѓе се евидентирани само по еден пример во 2010 и во 2015 година. Во другите години нема ниту еден предмети заведен под тој основ, се вели во информацијата добиена од Основен суд Тетово.
Како точно сега се прави трговијата со луѓе, нелегалната миграција и проституција за ова истражување не успеавме да добиеме конкретна изјави или податоци од институциите или поединци. Во неформални разговори на оваа тема со луѓе кои биле блиску на некој начин до угостителските објекти за кои постои сомневање дека се врши проституција се дознаваат неколку работи.
-Девојките или жени кои претежно доаѓаат од соседните земји, се тука по сопствена волја, но можна е и одредена зависност од други луѓе кои им помогнале нелегално да преминат граница или да ги упатат до тие места. Работата како келнерки, танчерки или пеачки ја вршат во угостителски објекти кои наплаќаат повисоки цени од вообичаените за пијалоците па на тој начин остваруваат нешто поголеми заработки. Тоа особено важи за танчерките, кои доколку гостин сака да ги ангажира за забава околу масата треба да плати за тоа конкретно или пак за скапи коктели или пијачки. Наплаќањето сексуални услуги се врши по завршување на работното време како келнерки, пеачки или танчерки, велат нашите извори.
Среќни и несреќни примери на жените кои ја поминале трговијата со луѓе и проституцијата
Сепак, за последиците од децениските текови на трговијата со луѓе, илегална миграција и принудна проституција говорат искуствата на невладините организации кои успеале да ги евидентираат жртвите на овие криминални дела како и нивните искуства кои ги доживеале.
Во публикацијата „Животот по трговија со луѓе-ре/интеграција на жртвите на трговија на Балканот од 2007 до 2014“ издадена од организацијата „Отворена порта“ се опишува Програмата за ре/интеграција на жртвите на трговија со луѓе (ПРЖТЛ) од Фондацијата „Крал Бодуен“ преку која се обезбедиле средства за програми за ре/интеграција во седум земји на Балканот. При тоа посочени се искуствата на голем број жени и мажи кои биле принудени на проституција на балканското подрачје вклучително и тетовскиот регион во Северна Македонија.
„Целта беше да се обезбеди помош за жртвите на трговија со луѓе. Вкупно 1731 жртва на трговија со луѓе (мажи, жени и деца) добија помош со ПРЖТЛ меѓу 2007 и 2014 година, се наведува во публикацијата.
Понатаму во публикацијата се објавени искуствата на жртвите кои се претставени под други имиња.
-На „Кара“ која била жртва на трговија како дете и откриле благ ментален хендикеп. Нејзините не можеле да и ја обезбедат потребната нега како и пари за лекот што и бил потребен. Државните социјални служби не презеле одговорност затоа што била „премногу тежок случај“, а расположивите владини центри за лица со хендипек не одговорале, затоа што биле наменети за лица со потежок хендикеп. Организацијата за реинтеграција за презела одговорноста за нејзиниот случај и покрај тоа што немала кадар обучен за работа со лица со ментален хендикеп.
-„Марина“на почетокот добила помош преку програма за реинтеграција со сместување, но по краток престој одлучила да му се врати на семејството. Сепак, по две недели се вратила во засолништето затоа што трговците со луѓе и се заканувале и на неа и на нејзиното семејство. Затоа била потресена, имала ноќни мори и флешбекови и биле потребни интензивни советувања и морала да пие лекови. По долг престој во засолсништето бидејќи не можела да се врати дома, ја пратиле во трета земја, каде било помалку ризчно. По неколку месеци Марина се обидела да се врати за да живее со семејството, но трговците повторно и се заканиле. Повторно ја пратиле во трета земја во близина, добила дозвола за престој, нашла работа во салон за нега и убавина и сега живее независно.
-„Тефта“ била жртва на трговија со луѓе како и на проституција. Кога конечно и се укажало можност да избега, добила услуги од партнерска организација на ПРЖТЛ, за да добие сместување, здравствен преглед, помош околу документи и слично. Се рехабилитирала од алкохолизам.
„Арта“ била жртва на трговија како дете, а со неа тргувале членови на семејството (прво за принудно питачење, а подоцна за сексуална експлоатација). Имала огромни трауми, била неписмена и немала основни животни вештини. Исто така, не била регистрирана во родената земја. Со програмата на ПРЖТЛ ѝ се помогнало да се врати на училиште и да ги извади документите. По неколку месеци, одлучила да поднесе кривични пријави против лицата што ја експлоатирале, и организацијата од ПРЖТЛ ја поддржала во процесот, па трговецот на крајот бил осуден и добил десетгодишна затворска казна. Две години по влегување во ПРЖТЛ, Арта завршила основно училиште, а покрај што научила да чита и пишува, научила и да користи компјутер. Кога наполнила 18 години, почнала да работи. На почетокот ѝ било тешко да остане на едно работно место, но по некое време нашла работа која ја работела неколку години. Сега е вработена и омажена. Исто така работела со психолог, за да може да се справи со траумата што ја доживеала откако мајка ѝ ја продала за да стане жртва на трговија со луѓе.
Во 2004 година новинар на Радио Слободна Европа во Молдавија успева да добие неколку изјави на жени кои биле жртви на трговијата со луѓе и принудени на проституција во Македонија.
Десетици илјади молдавки станаа жртви на трговијата со луѓе. Повеќето од нив се од селските средини, каде што економските тешкотии ги претвораат младите девојки во лесен плен на шверцерите со луѓе. Највпечатлива е изјавата на Маријана која откако била продадена од српските шверцери, четири години минала во Македонија: „Кога стигнавме во Македонија, се најдовме во куќа на еден полицаец. Тој купуваше девојки и ги продаваше на ноќните барови. Се викаше Аргон и беше од Тетово или од Гостивар. Сега е во затвор.Клиентите беа луѓе кои доаѓаа во ноќните клубови. Не плаќаа директно, туку на газдата. Педесет евра за час, или сто евра за подолго време“, вели Маријана во сторијата на Радио Слободна Европа.
Ескпертите од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција ја посочуваат потребата од меѓунационална соработка со цел водење ефикасна борба против трговијата со луѓе. Со обзир дека модус операнди на кривичното дело трговија со луѓе е во три фази (регрутирање,транзит или трансфер и експлоатација) и најмалку три земји (земја на потекло,транзит и дестинација), неопходен предуслов за ефикасна борба е водењето на меѓународни заеднички истраги. Меѓународната полициска соработка во борбата против трговија со луѓе и криумчарење мигранти, Северна Македонија ја остварува согласно потпишани билатерални договори, меморандуми и протоколи. Трговијата со луѓе е комплексен, општествен повеќедимензионален криминален и социјален проблем со кој се кршат основните човекови права и слободи на жртвтите на трговија со луѓе. Како форма на организиран криминал, трговијата со луѓе ги нарушува и уставните и законските начела стандарди на современото демократско општество.
Низ Европа еден од позначајните меѓународни механизами за борбата против трговијата со луѓе претставува Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе на Советот на Европа, која стапи на сила на 1 февруари 2008 година. Конвенцијата има за цел да ја спречи трговијата со луѓе, да ги заштити жртвите и да ги гони трговците, ги опфаќа сите форми на трговија со луѓе, се однесува на сите жртви на трговијата (жени, мажи и деца), како и на сите форми на експлоатација. Конвенцијата исто така вклучува и мерки кои ги промовираат партнерството со граѓанското општество и меѓународната соработка. Сите земји кои ја потпишале оваа конвенција на Советот на Европа ги мониторира Групата на експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА). Улогата на ГРЕТА е да обезбеди ефективна примена на одредбите на Конвенцијата и почитување на правата на жртвите.
Александар Самарџиев
*Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата на ООН 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово
Оваа статија е изработена со финансиска поддршка на Европската унија и Советот на Европа. Ставовите изразени овде во никој случај не можат да се сметаат за одраз на официјалното мислење на која било од страните.