• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Трибина на СДСМ „Агенда-Воздух 20-24“- Граѓанските организации бараат поголема казнивост за загадениот воздух

Во Тетово говореа Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Аријанит Џафери од Еко Герила,  Каја Шукова, претседател на Комисијата за животна средина, професор  Дејан Мираковски, од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип како и Коста Петров, потпретседател на СДСМ

22/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Програмска трибина на СДСМ „Агенда-Воздух 20-24“ се одржа вечерва во Тетово како дел од 11 вакви средби со граѓаните кои ги најави партијата.

Во Тетово говореа Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Аријанит Џафери од Еко Герила,  Каја Шукова, претседател на Комисијата за животна средина, професор  Дејан Мираковски, од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип како и Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

-Имаме добри закони само имплементацијата е многу лоша, а средства нема никакви. Голем проблем е што не се алоцираат средства со изговор дека нема пари, а се даваат за казина. Другото е важно е културата не неказнивност да престане, треба луѓето и функционерите да сносат одговорност пред лицето на правдата поради смртните случаи како и и поради заболување на децата, бремени жени и стари лица. Повеќе се работи на хартија, импелентиација на терен останува иста последните 10 или 15 години. Треба да се раздвижат работите, не заради ЕУ што бара туку  поради здравјето на нашите граѓаните и нашите животи, изјави Аријанит Џафери од невладината организација Еко Герила.

На прашањето за неказнивост заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули истакна декае потребна таква промена.

-Мораме во зимскиот па не и само во зимскиот период да имаме 24 часовен инспекторат.Тоа е нешто што очигледно додека ги промените навиките, тоа да треба да го направиме со закон или  со казни или со подигнуавње свест. Очигледно со кампањите тоа е тешко,  треба уште да се направи. Тоа мора да биде, рече Макрадули.

Заменик министерот истакна дека параметрите на загаден воздух во 2019 е намален но и дека тоа не треба да ја задоволи јавноста туку да охрабри уште поголемо подобрување.

-Факт е дека јавни институции се загреваат на нееколошки начин, тие се мапирани., наша обврска што ја преземаме до крајот на мандатот е да нема да има јавна иинституција што ќе го загадуѕва воздухот. Во рамки на планот за чист воздух тендецијата е спрравување со извори на загадување бидејќи не постои друг начин,рече тој.

Панелистите на трибината потоа и одговораа на прашања на присутните. Во другите градови ќе следуваат средби на другите теми.

А.С

Тагови: сдсмтрибина

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Во 2020 нов повик за субвенции за поставувaње на филтри на мали и средни претријатија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.