• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Теми и интервјуа

Трио „Кладенец“ – Како младите го засакаа традиционалното изворно пеење

Триото „Кладенец“ од тетовско Теарце за кратко време по своето основање успева да ги привлече младите да ја слушаат традиционалната изворна музика, што во минатото речиси и да било незамисливо.  По неколкуте стотици илјади прегледи на социјалните мрежи на интернет говорат дека изворната музика со убав видео запис може да биде привлечна за младата публика.

27/08/2019
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Триото „Кладенец“ од тетовско Теарце за кратко време по своето основање успева да ги привлече младите да ја слушаат традиционалната изворна музика, што во минатото речиси и да било незамисливо.  По неколкуте стотици илјади прегледи на социјалните мрежи на интернет говорат дека изворната музика со убав видео запис може да биде привлечна за младата публика.

Ова музичко трио е формирано само пред една година.  Кај неколкумина членови на културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце кои членуваат во пејачката секција се раѓа оваа идеја за формирање на посебна група или трио кое ќе изведува традиционална изворна музика со цел да биде привлечна за целата публика, а посебно за младите.

Сашо Костадиновски, Бобан Трпковски,Мирослав Симјановски и Иван Божиновски се членови на групата која поради потребата и начинот на изведување на песните секогаш настапува како трио.

-Традиционалната изворна музика или гласоечко пеење кое во нашиот крај се изведува подразбира пеење во три гласа. Затоа кога настапуваме се договораме тоа да бидат само тројца од нас. Во гласоечко пеење еден глас „виши“, а другите два „сложат“. Мораме да ја задржиме традицијата но и за квалитетот на музиката. Повеќе гласовите не би звучеле исто како со три гласови каде може да се примени вишењето и сложењето, објаснува 27 годишниот Сашо Костадиновски, кој по професија е етнокореолог.

Групата е формирана на 31 мај 2018 и за кратко време нивниот видео запис за песната „Да си вечна земјо моја“ бележи голема популарност. Како што е наведено во името станува збор за патриотска песна во чиј видео запис се забележани и голем број македонски национални симболи, вредности и елементи.

-Може да се наречеме преродбеници на македонската традиционално изворно пеење. Ние сме единствени кои што го негува и исполнува ваквиот стил на музика. Изворното пеење гласоечко дојдовме на идеја и помладите да го засакаат. Да биде зачувана етно генезата односно да бидат застапени етно инструментите кои ќе бидат привлечни и за младите. Намерата е да се засака вистинската народна македонската музика која опстоила наназад низ вековите со тоа што била пренесувана усно преку пеење, па младите така ги паметеле и ја продолжувале традицијата исто со исполнување на тие песни, рече Сашо Костадиновски.

Во нивните песни се користат народните инструменти-тапан, зурла, кавал, гајда, тамбура карактеристички за тетовското поднебје. Инструментите се снимени во студио од професионалци од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

-И во втората песна „Мајко земјо не плачи“ се запазени сите етно елементи како во создавањето на музиката така и во видео записот.  Tретата песна која периодов се подготвуваше е „Свадба најубава“ чија промоција е предвидена за годинешниот „Лешочки фолк фестивал“, рече Сашо Костадиновски.

Во пост продукција имаат уште две песни. За првата песна на текстот и аранжманот работеле Мирослав Гавровски и Јован Василевски.  Вториот текст е на Сашо Костадиновски, а повторно Василевски е автор на аранжманот.

-Нема фестивал на кој не сме поканети.  Има голем интерес за оваа музика, а и ние сме мотивирани за вакво начина на исполнување на песните. Ние како млади сметаме дека најдобро ќе најдеме начин како да се привлечат помладите да ја сакаат оваа изворната музика.  Го претставувме оваа пеење со емоции, бидејќи тоа го носиме во нас, во душата. Го сакаме, не не тера некој, рече Бобан Трпковски.

Во видео записите се користат оригинални народни носии кои се добиени од ансамблот Македонија и професорот д-р Владимир Јаневски. Учествува групата „Сербез“ од Битола,  а спотовите се снимени во Галичник, Маврово и повеќе други локации. Триото Кладенец за оваа година дена има освојувано награди на скоро сите натпреварувачки фестивали.

Александар Самарџиев

Тагови: . гласоечкокладенецтеарцетрадиционална изворна музикатрио

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Одбележан Денот на 3-тиот механизиран пешадиски баталјон, воената единица во тетовската касарна

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!