• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

УМС ВМРО ДПМНЕ Тетово донираа телевизор на тетовка која живее сама и има потреба од хуманитарна помош

Таа живее сама и не е вработена па немала можноста да набави телевизор досега.  Единствени средства за преживување и е социјалната помош и ако некој повремено ја викне да работи како чистачка.

22/03/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Бисера Јовановска 33 годишна од Тетово денес како донација од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Тетово доби телевизор.

Со тоа и се исполни желбата за полесен престој во домот особено сега во преиодот кога е препорачано да седи дома поради опасносите од ширење на коронавирусот.

Таа живее сама и не е вработена па немала можноста да набави телевизор досега.  Единствени средства за преживување и е социјалната помош и ако некој повремено ја викне да работи како чистачка.

-Социјалната помош ми стига за кирија само. Едвај преживувам, но таква е мојата судбина. Моите родителите поради одредени околности живеат на друго место и се тешко болни. Брат ми е со нарушено ментално здравје и во болницата во Бардовци, изјави Бисера.

Таа има потреба од помош од хуманите граѓани.

-Не ми стигаа средствата за храна, имам потреба и од хигиенски средства, вели Бисера која живее во Тетово во близина на трговскиот комплекс „Тетовчанка“.

Неодамна нејзината животна приказна ја раскажа во емисија на една од нациооналните телевизии по што вчера анонимни донатори и донеле  машина за перење.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Жител на Шипковица приведен зошто му се заканувал со секира на соселанец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.