• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Универзитетот во Тетово ги одбележа Денот на учителот и Меѓународниот ден на жената

Педагошкиот факултет при Универзитетот во Тетово денес организираше свечена манифестација во пресрет на 7 март - Ден на албанските учители и 8 март - Меѓународниот ден на жената. Се одржа панел дискусија на тема „Образование на албански јазик-вчера, денес и утре“.

06/03/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Педагошкиот факултет при Универзитетот во Тетово денес организираше свечена манифестација во пресрет на 7 март – Ден на албанските учители и 8 март – Меѓународниот ден на жената. Се одржа панел дискусија на тема „Образование на албански јазик-вчера, денес и утре“.

-Ние како Педагошки факултет ја организираме оваа манифестација трудејќи се да се подигне свеста, професионалноста и компетенциите на самите наставници бидејќи одбележувањето на овој ден значи многу за образованието воопшто, а особено за образованието на Албанците во Република Северна Македонија. Ние ќе настојуваме и понатаму да ги подобруваме условите за едно професионално и институционално однесување на сите чинители во образованието со цел негово унапредување во општеството, изјави  Фадби Османи, декан на Педагошкииот факултет.

За улогата на наставникот во општеството, зборуваше продеканот Рабије Мурати.

-Сите ние сме сведоци на улогата на наставникот во образованието и воспитуавњето на младите, така да ние секогаш треба да внимаваме какви наставници ќе имаме во иднина дали тие наставници ќе имаат професионални вредности за да можат да го издигнат општесвото на едно повисоко нивио. Така ќе им помогнеме не само на младите луѓе туку и на целото општество за да имаме поголем развиток и пообразовано општество во целина, истакна Мурати.

За Меѓународниот ден на жената истиот наместо како ден за подароци да биде револуционерен ден, порача професорката.

-Денот на жената го сфаќаме како ден за подарување цвеќе и подароци, но сметам дека денот на жената треба да биде револуционерен на кој треба да бараме ист третман во општеството, во институциите каде мажите сметаат дека имаат приориртет во издигнување на тие институции, посочи Рабије Мурати.

Датумот 7 март 1887 се одбележува како Ден на учителот затоа што во градот Корча во Албанија било отворено првото училиште на албански јазик воопшто на Балканот.

А.С

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Крводарителна акција во средното стручно училиште "Моша Пијаде" во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.