• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 8 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ФК Тетекс со ново раководство и стручен штаб 

08/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово информира дека е избрано ново раководство. Мирче Блажески е нов претседател, потпретседатели се големите имиња на македонскиот фудбал Стојмир Урошевиќ и Борче Мирчевски.

 
-Сакам да се заблагодарам на собранието на ФК Тетекс за довербата која ми укажа да застанам на чело на еден од најголемите македонски клубови. Ппрвата цел ќе ни биде клубот да го отвориме за сите спортски работници и за оние имиња кои нешто значат во фудбалско Тетово. Во изминатиот период клубот беше затворен, тешко можеше да се дознае што се случува и потесното раководство, но и јавноста немаше увид што се случува во клубот.Акцент ќе биде ставен на младинската школа која треба да се развива и да го врати стариот сјај, изјави Блажески.
 
Бојан Захариев ќе извршува функцијата тим менаџер и ќе биде задолжен за тренирање на првата екипа, како и за целиот спортски дел.
 
-Тетекс не е маалски клуб, баш напротив е еден од најголемите клубови не само во Македонија, туку и пошироко во југославенски рамки и токму затоа ми е чест што ќе работам во обој клуб. Нема да ветуваме нешто што не можеме да го оствариме. Целта ќе биде развој на младинските категории, Тетекс повторно да произведува репрезентативци, кои воедно ќе бидат и носители на играта на клубот. Можност да се покажат и докажат ќе добијат сите големи таленти кои се во клубот. Ќе ги вратиме и они играчи кои потекнуваат од Тетекс, а сега играат во други клубови. Ќе донесеме и млади репрезентативци кои ќе имаат можност да бидат видени од најголемите клубови и соодветно скаутирани. Во свое име како автор на проектот “Спортот обединува” сериозно ќе се залагам за активирање на сите фудбалски ветерани кои го граделе Тетекс низ годините во минатото и можат да дадат уште многу за доброто на клубот и идните генерации, изјави Захариев на промоцијата.
 
Клубот ќе го ангажира Ивица Јовановски за координатор на младинските категории.
 
ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Ученици и наставници од Италија, Романија, Португалија, Турција на престој во ОУ „Прпарими“ во Голема Речица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.