Активисти од Тетово формираа иницијативен одбор кој во најава за медиумите преку електронска пошта најавуваат дека ќе организираат протест во Тетово пораади зголемување на цената на електричната енергија и други проблеми во тој сектор.
-Водени од бројните реакции на граѓаните по неодамнешното покачување на цената на електричната енергија за покривање на загубите на производителите, но и од реакцијата на граѓаните за неправилни услуги на енергетските компании кон нив и мотивирани да се обезбеди решение за стариот проблем кој досега не бил доволно решен, со цел да се спречат насилни и радикални реакции и однесување на одредени групи на лути граѓани ние, Иницијативниот совет за организирање на протестот против покачувањето на цената на електричната енергија и многу други проблеми поврзани со енергијата, ги покануваме граѓаните на Тетово и околината, да ни се придружат во четврток, 06.08.2002 година, во 19:00 часот на плоштадот Илирија, да се спротивставиме на 1) одлуката на РКЕ за зголемување на цената на електричната енергија; да реагираме на 2) монополот на услугите на компанијата ЕВН и нивното неправилно однесување кон потрошувачите; да се побара 3) распуштање на РКЕ, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите кои ја оштетуваат веќе оптоварената економија на граѓаните; да бараме 4) формирање на независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги, се вели во писмото до медиумите испратено од членот на иницијативниот одбор Аријанит Џафери, активист во невладиниот сектор.
Овој одбор смета на поддршка од невладините организации и граѓаните.
-Ги покануваме граѓаните што ќе учествуваат на овој протест да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од пандемијата Ковид 19 (со носење маски и почитување на физичкото растојание). Ги покануваме и невладините организации, но и институциите да ја поддржат организацијата на протестот во јавен интерес, стои во известувањето.