• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Хрватскиот форум и Македонско Хрватското Друштво Тетово со предновогодишни посети во ОУ “Андреа Савески Ќиќиш” и во Дневниот Центар Тетово

Доделени беа новогодишни подароци за децата од посебната паралелка во ОУ "Андреа Савески Ќиќиш" и во Дневниот Центар Тетово.

30/12/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Хрватскиот форум се приклучи на традиционалната активност на Македонско Хрватското Друштво Тетово кое секоја година организира предновогодишна посета и доделување на новогодишни подароци за децата од посебната паралелка во ОУ “Андреа Савески Ќиќиш” и во Дневниот Центар Тетово.

„Сметаме дека во вакви периоди од годината е особено важно да покажеме дека секој заслужува да биде среќен. Затоа одлучивме да се приклучиме на оваа традиционална активност. Ние веќе подолг период соработуваме со Македонско Хрватското Друштво Тетово, заедно организиравме и други хуманитарни акции и се надеваме дека соработката ќе ја интензивираме и во иднина“, изјави Ема Павловска, портпарол на Хрватски Форум.

Претседателот на МХД Тетово, Горан Видачек, потсети дека оваа новогодишна активност е редовно во агендата на Здружението, додека пак од оваа година на истата се приклучи и ХФ.

„Веќе со години во овој период од годината доаѓаме во Дневниот Центар за деца со посебни потреби и во посебната паралелка во ОУ “Андреа Савески Ќиќиш”, каде овој пат како новогодишни подароци доставивме играчки, училишен прибор и материјали“, рече претседателот Горан Видачек.

Покрај во Тетово, Хрватски Форум денеска спроведува хуманитарна акција и дружење и во кумановскиот центар за лица со попречености.

Тагови: новогодишни подароципосетахрватски форум

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Обвинителството со истрага за осум лица осомничени дека ја злоупотребиле својата положба и овластување околу државно земјиште во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.