Четири угостителски објекти од Тетово од утре до петок ќе даваат бесплатни оброци за оние кои се соочуваат со недостиг од храна. Хуманитарниот проект е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Тетово.
-Целта е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна со кој се соочуваат многу граѓани во нашиот град,како и да се креира можност редовно да се донира храна.Да бидеме хумани и да подариме насмевка,да им ги стоплиме срцата барем еден миг да почуствуваат љубов, истакна Станислав Бојчески од УМС на ВМРО ДПМНЕ од Тетово.
Од понеделник до петок од 12:00ч до 16:00ч бесплатните оброци ќе може да се подигнат во
сендвичара Бургер хаус, пицерија Форум, пицерија Грин и ресторан Ангел.
А.С