Во рамките на проектот Math, music and art will you keep to smart, Стефан Перовски, Влатко Зафировски, Маја Јанкуловска и Кристијан Глигориеваки сите ученици во прва година при ССОУ „Моша Пијаде“-Тетово и професорите Виолета Србиновска и Катица Тасеска заминаа на островот Крф во Грција. Таму во периодот од 3 до 7 февруари ќе бидат дел од првата краткорочна размена на ученици, заедно со своите врсници од партнерските училишта од Хрватска, Литванија, Турција, Италија и домаќинот Грција.
-Целта на оваа размена е подобрувањето на компетенциите во областа СТЕМ преку поврзување на математиката и уметноста. Домаќин е 20-та Гимназија Керкирас, Крф, Грција.Настанот е под името “Ризница на ритамот и уметноста на Крф”, информираат од училиштето.
Во текот на овие 5 работни дена предвидени голем активности.
А.С