Општинската организација на Црвен крст Тетово, согласно планот на активности го одбележа „18 Октомври – Европски Ден на борба против трговија со луѓе“, информираат од општинската организација на Црвен крст Тетово
Организираше едукативна работилница со ученици од Гимназија “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово на ден 17.10.2019 со почеток во 11:00 часот (македонски наставен јазик) и 12:00 часот (албански наставен јазик).
На работилницата свој придонес дадоа вработени во МВР – СВР Тетово кои како стручни лица се занимаваат со оваа проблематика, информираат од општинската организација на Црвен крст Тетово