Од денес во тетовската соборна црква Свети „Кирил и Методиј“ по кратка пауза продолжуваат часовите по веронаука за возрасни. Бесплатните часови ги одржува старешината на храмот отец Александар Стојановски.
-Секј втор понеделник во месецот верниците ќе имаат можност во соборната црква во Тетово да присуствуваат на катихедски предавања за возрасни и така да дознаат повеќе за православната вера. Предавањата се слободни за сите заинтересирани, вели отец Александар.
На предавањата заинтересираните имаат можност да се запознаат со сите аспекти од православната вера.
-Насоките на предавањата се молитвата, гревот, исповедта, причеста, христијанските добродетели, Светите тајни, Богослуженија во црквата, современите етички проблеми и слично, истакнува свештеникот.
Предавањата ќе започнуваат во 18 часот и ќе траат по еден час.
А.С