Тетовската полиција соопшти дека изминативе 24 часа се привеени шест лица во повеќе инциденти што се случиле на подрачјето. Еден приведен е поради семејно насилство, а двајца затоа што агресивни биле кон полицајци.
-Триесет и четири годишна жена утринава околу 3 часот и 50 минути, пријавила дека во нивниот семеен дом физички била нападната од 36-годишниот сопруг. Пријавениот лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.Вчеравечер околу 21 часот и 55 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.С.(27) од Тетово. Тој физички нападнал полициски службеник додека преземал службени дејствија. Неколку часа подоцна околу 1 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово,приведен е Ф.Х.(34) од Тетово, кој физички нападнал полициски службеник при извршување на службени дејствија, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Три лица се приведени во тетовско Милетино вчера околу 21 часот и 45 минути. И.А.(22), А.Б.(26) и И.А.(23), тројата од тетовски Челопек, кои се превезувале во патничко моторно возило „бмв “ со тетовски регистарски ознаки, a кои непоседувале никакви документи за идентификација. Приведените задржани се во Полициското одделение Жеровјане за расчистување и документирање на случајот.