• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Шестоседната жичарница на Попова Шапка се уште без потребната документација

Истече уште еден законски рок за пуштање на жичарницата во употреба, пишува „Порталб.мк“,  а  пренесува денес агенцијата МЕТА. 

23/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Комисијата за техничка инспекција за добивање лиценца за употреба нема дадено зелено светло за теренска проверка на жичарницата со шест седишта во Попова Шапка. Поради тоа, истече уште еден законски рок за пуштање на жичарницата во употреба, пишува „Порталб.мк“,  а  пренесува денес агенцијата МЕТА. 

Сега е веќе прашање на недели кога се очекува да започне сезоната во Попова Шапка, дозволата за пуштање во употреба на жичарницата со шест седишта продолжува да се одолговлекува низ институциите. Колку за потсетување, Министерот за економија, Крешник Бектеши, вети дека жичарницата ќе биде функционална за сезоната 2019/2020., се наведува во текстото.

„Порталб.мк“ дознава дека Комисијата за техничка инспекција за лиценца во рамки на Министерството за транспорт и врски има побарано од компанијата ЕЛЕМ, дополнителни документи во врска со жичарницата со шест седишта во Попова Шапка. Според законскиот рок, Комисијата требало вчера да наложи контрола на терен, но ЕЛЕМ не ги има доставено сите документи, а за тоа, според Законот за градежништво, ќе бидат потребни уште максимум 15 дена да оваа компанија ја комплетира документацијата.

Од ЕЛЕМ ја потврдија информацијата, тврдејќи дека сé се одвива „добро“.

„Побарани се дополнителни документи, постапката тече како што треба” рекоа од ЕЛЕМ за „Порталб.мк“.

И од Министерството за транспорт и врски рекоа дека овој предмет е се уште во постапка, и дека се надеваат дека сето ова ќе заврши до крајот на овој месец. Крајниот рок за поднесување конечен одговор од Министерството за транспорт и врски е 11 февруари (вторник).

„Давањето лиценца за пуштање во употреба на жичарницата со шест седишта во Попова Шапка е се уште во постапка, и се надеваме дека истата ќе заврши до крајот од овој месец” рекоа од Министерството за транспорт и врски.

Целиот текст тука 

Истече уште еден рок за лиценцирање на жичарница со шест седишта во Попова Шапка

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Физичка пресметка во соба во тетовската болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.