Министерството за внатрешни работи денес информираше дека во тетовската полиција вчера за временски период од еден час биле пријавени два физички напади извршени од возрасни лица над деца.
Во 21.10 часот во СВР Тетово, Ѓ.Р.(46) од Тетово пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од човек на околу 40 години од Тетово. Еден час подоцна во 22.10 часот во СВР Тетово, П.Ѓ.(69) од Тетово пријавил дека неговиот малолетен внук бил физички нападнат од лице на возраст од околу 50 години. Се работи на расчистување на случаите, соопшти МВР.