Во вторникот во 22 часот и 15 минути на автопатот Тетово – Скопје, после тетовско Желино, се случила сообраќајна нeсреќа со еден потешко и две полесно повредени лица. За два дена ова е трета сообраќајка со тешко повредени лица.
Во незгодата учествувале патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(53) од тетовско Копанце и товарно моторно возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од А.С.(47) од Република Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Н.С.(28), а со телесни повреди се здобиле возачот и двете сопатнички Л.С.(49) и Т.М.(33) од истото возило, по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата бил извршен увид од екипа од СВР Тетово, инфомира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Исто така вчера 54 годишен жител на Брвеница е тешко повреден поради излетување од коловозна лента, а во понеделникот пешак на 57 години беше повреден откако во него удри автомобил.
А.С