Во Тетово се одржа првиот форум во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ што го спроведуваат Министерството за локална самоуправа, заедно со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, со финпомош на Швајцарската агенција за развој. Засегнатите страни со свои предлози укажаа на потреби и проблеми врз основа на кои може да се спроведат проекти во кои најважна компонента ќе биде социјалната инклузија.
-Полошкиот регион ќе утврди проекти со невладините организации, со општините, со бизнис секторот и сите други засегнати страни па ќе дефинираме кои се развојните потреби во регионот и со тие проекти ќе аплицира до Швајцарската развојна агенција.Втора година се имплементира овој проект и затоа во новиот закон за рамномерен регионален развој предложивме форумите да се воспостават законски и да важат за финансиските средства кои Министерството преку бирото за регионален развој ги доделува на регионите, изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа.
Фатмир Саити од Полошки Плански Регион потенцира дека проектот е дел од поголем проект каде веќе се работело на инвестициски и иновативни активности.
-Беше отворено социјално претријатие за угостителство во иновативни проекти, за овозможување за обуки за угостители келнери и готвачи и слично. Вклучени во управување се угостители. Со инвестициот фонд се продолжи ЕУ Проект за отворање на инфо центри на Попова Шапка Маврово и Гостивар како и во Тетово,рече Саити.
На регионалниот форум присуствуваше и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, која истакна дека Швајцарска агенција за развој е особено важен партнер за општината.
А.С