Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ предводена од партијата Единствена Македонија до Државната изборна комисија достави листи со кандидати за пратеници. Листа со кандидати за пратеници има и за шестата изборна единица, а носител е Љупчо Столевски, претседател на тетовскиот огранок на партијата Единствена Македонија.
Во првата изборна единица носителка е Биљана Џинго, во втората Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, во третата Вангел Симев, во четвртата партискиот лидер Јанко Бачев и во петтата Ацо Николовски.
Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ ја сочинуваат партиите Единствена Македонија и ФРОДЕМ и здружението „Тврдокорни“.