Во рамките на планираните активности за поголем ред и безбедност во јавниот превоз вчера (26 септември) од 11 до 16 часот полициски службеници на СВР Тетово спроведоа контрола на автобуси, комбиња и патнички возила кои учествуваат во превозот на патници на тетовско-гостиварското подрачје.
При контролата откриени и законски санкционирани биле 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) возила, односно комбиња кои вршеле јавен превоз без потребните документи и на возачите им биле изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.
Во член 284-а од Кривичниот законик се вели: Тој што врши јавен превоз без поседување лиценца, ќе се казни со парична казна.
Санкционирани, исто така, биле и уште 2 возила, едното (ГВ) со неисправни сопирачки и второто (ГВ) кое било без извршен технички преглед, како и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-3).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до учесниците во јавниот превоз на подрачјето навреме да ја проверуваат техничката исправност, да не практикуваат претовар на патници и возилата да ги управуваат исклучиво лица со положен возачки испит и со соодветна категорија на возачката дозвола според возилото што го управуваат. Ова, пред се однесува на поголеми комбиња и минибуси