Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 декември) во 23 часот лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско Џепчиште, кои претходно биле пријавени од 56-годишниот И.И. од тетовски Порој дека околу 21 часот и 30 минути во селото физички го нападнале неговиот малолетен син. Според пријавеното, едниот од нив користел и метален предмет. Се расчистува и документира случајот, по што на двајцата пријавени малолетници ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Вчеравечер (11 декември) во 22 часот во СВР Тетово се самопријавиле И.С.(18) и М.И.(31) од тетовска Голема Речица. Двајцата во 13 часот биле пријавени од 44-годишниот А.Б. од тетовска Мала Речица дека околу 9 часот во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово физички го нападнале него, неговиот брат А.Б.(33) и малолетниот син. Се расчистува и документира случајот и против нив ќе следуваат поднесоци.
Ноќеска (12 декември) околу 2 часот и пет минути во просториите на гостиварската Брза помош, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 52-годишниот Џ.Р. од долнореканско Скудриње кој го нарушил јавниот ред и мир. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
…..
Педесетгодишниот гостиварец Е.Т., вчера (11 декември) во 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот во неговиот трговски објект на улица „18 Ноември“ во Гостивар физички бил нападнат од едно лице кое го познавал. Во нападот, според пријавеното, тој користел и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
…..