Министерството за здравство објави дека новиот министер Илир Демири, на неговата досегашна функција директор на Клиничка болница во Тетово го постави д-р Шпресим Ферати.
„Ферати е докажан во својата област и ги исполнува условите за функцијата што ја извршува. Му посакувам многу успех, верувам дека со него тетовската болница ќе продолжи да испишува успешна приказна“, истакнува министерот за здравство д-р Илир Демири во објавената информација на министерството.
Во 2023 година два пати се именуваше директор на тетовсата болница. Од 28 март па до 18 јули директор беше Плумб Вела, а потоа и Илир Демири.