Седумдесет и шест годишник од тетовско Камењане го изгуби животот како пешак во селото откако бил удрен од автомобил. Возилото го управувал малолетник на нецели 14 години.
-Сообраќајна несреќа е пријавена во 17 часот во СВР Тетово. Возило “рено клио” со тетовски таблици на регионалниот пат Тетово-Камењане управувал малолетник од Камењане и удрил во пешакот Ќ.О (76). Пешакот добил тешки телесни повреди, по што е пренесен е во клиничка болница Тетово каде дежурен лекар констатирал смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Возачот е обезбеден во СВР Тетово.Увид извршиле полициски службеници на СВР Тетово во содејство со јавен обвинител.
A.С