Денеска (07-април) околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Попова шапка во близина на тетовско Расадиште, патничко моторно возило “рено меган” со австриски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот.
Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.