Снабдувањето со електрична енергија во повеќе населби во Тетово по повеќе од 9 часа е продолжено после 1 часот ноќеска, откако имаше прекин од 16 часот.
Од ЕВН Македонија- Електодистрибуција информираат дека поднеле пријава до МВР откако увиделе дека станува збор за дефект предизвикан од трето лице кое направило див ископ и така ја оштетило мрежата.
-По пријавата за прекинот околу 16.05 часот, екипите на Електродистрибуција веднаш пристапиле на терен при што констатирале дека дефектот настанал на 20кВ подземен кабел преку кој со електрична енергија се снабдуваат 8 трафостаници. На лице место каде што дефектот бил детектиран со мерна кола, видно било дека трето лице вршел див ископ при што го оштетил 20кВ подземен кабел. Третото лице се обидело да ја затрупа дупката, но неуспешно трагите и денес се видливи, информираат од одделот за комуникации при ЕВН Македонија.
Случајот бил пријавен во МВР.
-Од полицијата изготвен е записник за оштета од трето лице и се води истрага против сторителот. Екипите на Електродистрибуција работеа без прекин на терен, се со цел да се врати нормалното снабдување кај корисниците во најбрз можен рок. За жал, поради сериозната и комплексноста на дефектот кој беше предизвикан од надворешениот субјект, санацијата траеше 8 часа. Жителите на овој дел од градот добија електрична енергија во 00:20 часот наутро, соопштуваат денес од Електродистрибуција дел од ЕВН Македонија.
Без напојување со електрична енергија остана западниот дел од Тетово, односно од пазарот и сите останатите населби кон касарната.
А.С