Вчера (25 декември) од 9 до 13 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаци, во која биле откриени и санкционирани вкупно 14 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-5). Најголемиот број од пешаците-прекршители ги преминувале улиците надвор од обележани премини. На прекршителите им се изготвени предвидените поднесоци со парични глоби кои се движат од 30 до 50 евра во денарска противвредност и кои ќе треба да ги платат доколку не присуствуваат на претстојните сообраќајни поуки.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до пешаците да бидат докрај внимателни како и каде се движат и ги преминуваат улиците. Зашто, деновиве во Тетово и Гостивар значително зголемена е вкупната сообраќајна фрекфренција, посебно во централните градски подрачја, најмногу како резултат на доаѓањето на многумина времено вработени во странство. На возачите, пак, им се советува секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, посебно кога ги користат обележаните премини на улиците или на крстосниците