• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамките на континуираните активности за поголем ред и безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион вчера (7 февруари) од 8 до 12 часот, спроведена е засилена акциска контрола на товарни возила, претежно камиони, комбиња и „пикап возила“.

При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 6 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-1), од кои 5 (ТЕ) имале неисправни сопирачки, а 1 (ГВ) неисправни други системи и опрема. Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени соодветни поднесоци во кои за ваков прекршок е предвидена парична глоба од 400 евра во денарска противвредност

Покрај ова, кај 5 возила (ТЕ-2 и ГВ-3) бил констатиран претовар, како и 3 (ГВ) други видови недостатоци. Санкционирани, исто така, биле и двајца возачи(ТЕ) поради користење на неатестирани фолии и зборување на мобилен телефон, а поради непрописно, односно погрешно паркирање биле подигнати 7 возила (ТЕ).

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не тргнуваат на пат со технички непрегледани и неисправни возила, зашто ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Се апелира, исто така, да внимаваат на претовар на патници и на тоа какви фолии и каде ги поставуваат.

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.