Соопштение на СВР Тетово 30 јануари 2024.
Во рамките на акциска контрола спроведена вчера (29 јануари) од 5 до 10 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово запрено и санкционирано е патничко моторно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, а кое без потребните документи за вршење на јавен превоз го управувал М.М.(56) од тетовско Горно Палчиште. На возачот му бил изготвен поднесок по член 284-а од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
Во Кривичен законик член 284-а е за вршење јавен превоз без поседување лиценца, а тој што врши јавен превоз без поседување лиценца, ќе се казни со парична казна.