Соопштение СВР Тетово 15 мај 2024
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (15-мај) во периодот од 12 до 19 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 9 прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-8), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 9 (ТЕ-1 и ГВ-8). Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 9 (ТЕ-2 и ГВ-7) останати сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли да навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл, крајните последици биле сериозни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот
Вчера (15 маj) од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 9 возачи. Од нив 6 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ГВ-6), а 3 (TE) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место. Санкционирани се и 32 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-20). На возачите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.