Вчера (12 ноември) од 11 до 16 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за престигнување во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 36 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-25). Најголемиот број од констатираните прекршоци се однесувале на престигнување на недозволени, односно забранети места. На прекршителите изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од тоа каде и како престигнувале, се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. На оние кои престигнувале на непрегледни места или на „полна линија“ времено ќе им бидат одземени нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
Вчера (12 ноември), исто така, од 8 до 20 часот на тетовско – гостиварското подрачје спроведена е и акциска контрола за брзина со која се движат возилата. Притоа, санкционирани се 18 возачи (ТЕ-7 и ГВ-11) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Три од нив пречекориле за над 50 километри на час, а санкциониран бил и 1 возач (ТЕ) кој го пречекорил пропишаниот максимум во населено место.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со повик до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да бидат докрај внимателни, посебно ако се движат по долината на Радика каде се можни влажни коловози и одрони од земја и камења.