• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Актерите од Драмско студио Тетово со српски колеги ќе изведат двојазична детска пиеса „Мојот дедо рокер“ за празнувањето на Илинден во Јабука, Општина Панчево

22/07/2023
во Вести
Сцена во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Јабука, Општина Панчево

Сцена во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Јабука, Општина Панчево

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Актерите од Драмското студио Тетово ќе патуваат во Србија каде заедно со аматерската театарска секција на Домот на култура „Кочо Рацин“ од Јабука, Општина Панчево ќе одиграат двојазична претстава-детска пиеса „Мојот дедо рокер“.

Актерите од Јабука ќе глумат на српски, а актерите од Тетово на македонски јазик. Деновиве паралелно се одвиваат читачките проби во Јабука и Тетово, а од 27 јули па 1 август комплетната актерска екипа ќе се состане на заеднички сценски проби на сцената на Домот на културата во Јабука.

Оваа претстава премиерно ќе биде изведена во рамките на одбележувањето на Илинден во Јабука на 2 август 2023 година, а потоа и на 20-тиот јубилеен Меѓународен детски театарски фестивал, којшто ќе се одржи првиот викенд во месец ноември во Јабука.

-Ова е втора копродукциска претстава на Драмското студио Тетово и „Позориштанце Мали принц” при Домот на културата „Кочо Рацин“ по мојата детска пиеса „Двете мали самовили“ („Две мале виле“)”, чиј режисер бев јас, со којашто пролетта 2012 година победивме на Општинските драмски смотри во Панчево, а есента истата година беше изведена и на Меѓународниот детски театарски фестивал во Јабука. Очекуваме и се надеваме дека Министерството за култура на Република Северна Македонија ќе се вклучи во овој меѓународен проект со финансиска поддршка на Драмското студио Тетово со покривање на дел од трошоците, изјави Мирко Видоески од Драмско студио Тетово автор на пиесата.

Во претставата од Драмското студио Тетово ќе настапат актерите Игор Бачоски, Глигорије Стојановски и Лазар Саровски. Автор и режисер на претставата е Мирко Видоески. Претставата е финансиски поддржана од Градот Панчево и Министерството за култура на Република Србија.

ас
фото Дом на култура „Кочо Рацин“-Јабука

Поврзани објави

Вести

Мицкоски: Пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни очекувањата на пензионерите

23/09/2023
Вести

Над 100 милиони денари инвестиции во Општина Брвеница, реализирани 80 проценти од ветената програма на половина од мандатот

23/09/2023
Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Вести

И денес продолжува гаснењето на пожарот во боровата шума над Милетино

23/09/2023
Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Следна објава

Навивачката група Војводи со повик-да се купат сезонски билети за ФК Тетекс КУПИ СЕЗОНСКИ БИЛЕТ - ПОМОГНИ БРЕНДОТ ДА ПОСТОИ!

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!