Во организација на Српскиот културно информативен центар СПОНА и Здружението на Срби и Македонци Бранко Чајка од Тетово ќе се одржи една сценска драма рецитал на актерката Биљана Ѓуровиќ од Белград со наслов „Натчуства“, информираат од Српскиот културно информативен центар СПОНА
Настапот е во петок 5 јули во Музеј на КПМ во населба Два Бреста со почеток од 21 часот. Во случај да врне дожд настапот ќе биде во поранешниот Дом на Армијата.