Прес-конференција на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Тетово, Александар Велјановски:
Почитувани сограѓани, драги сопартијци, сакам да Ви изразам особена благодарност за учеството и подршка на големиот народен митинг одржан во Скопје на Коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Од одржаниот митинг може да се заклучи дека граѓаните на Република Македонија даваат масовна подршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, Професорката Гордана Силјановска-Давкова.
Големата посетеност уште на почетокот на кампањата потврдува дека Професорката Силјановска ја има целосната поддршка од граѓаните кои во неа препознаваат личност која верува во правото и правдата, во вредностите и во Македонија.
Професорката Силјановска пред присутните граѓани ја претстави својата визија како ќе ја извршува функцијата Претседател на Република Македонија доколку ја добие подршката од народот.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Професорката Силјановска ќе се залага за враќање на националната гордост, затоа и слоганот за овие претседателски избори е МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА.
Според бројот на присутни на митингот и подршката која ја добиваме во секојдневна комуникација со граѓаните, едно е јасно, победата е пред нас, како на претседателските избори така и на претстојните парламенатрни избори. Овие двојни избори ќе бидат и победа за граѓаните но и за Македонија.
Едно е сигурно ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе донесат позитивни промени, побезбедна Македонија, економски просперитетна Македонија.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот на СДС ја нема подршката на народот, погубните политики на внатрешен и надворешен план на СДС и ДУИ, доведоа до ерозија и нефункционирање на институциите, криминал и корупција во сите сфери на општестовото.
Малиот број на граѓани ги уверија дека треба да си одат од политичката сцена, конечно СДС и ДУИ треба да се соочат со реалноста, дека народот не ги сака, дека со лажни ветувања нема да ја добијат повторно довербата. Граѓаните одбиваат да присуствуваат на нивните партиски настани, при што праќаат јасна и решителна порака дека нема да ја добијат нивната подршка, а СДС да се подготви за политичка пензија, развластување и одговорност.
Членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово со акција од врата на врата денес ќе ги посетат населените места Колтук, Кирил и Методиј и Сараќино со цел промоција на политиките кои ги нуди и застапува кандидатот за Претседател на Република Македонија Професорката Гордана Силјановска-Давкова.