• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Апел-купи карта за спас на ФК Тетекс

19/10/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Навивачката група Војводи упатува апел до сите граѓаните на Тетово-потребна е помош за ФК Тетекс, со купување на карти ќе се помогне опстојувањето на клубот.

Почитувани тетовчани, Војводи, Македонци… ТЕТЕКС НЕ ВИКА !

Нашата фудбалска икона, како никогаш досега е на работ на бездната, оставен сам на себе, да тоне и да пропаѓа.

Низ историјата сме сведоци на многубројни успеси, но и падови. Дојде моментот кога треба сите заедно и сплотено како едно да донираме за спас на ФК Тетекс. Наша должност е да подадеме рака за спас, за Teтово, за македонштината, за идните тетовски генерации!

Во таа насока, упатуваме повик до сите оние кои се љубители на спортот, кои го сакаат фудбалот, а пред се кои го сакаат ТЕТЕКС да помогнат така што ќе купат билети за преостанатите 7 натпревари до крајот на првата полусезона. На овој начин, секој од нас со симболични 100 денари да помогне на клубот во овие тешки денови на финансиска неиздржливост. Имено, картата за еден натпревар чини 100 денари, а може да се купат бесконечно многу карти согласно вашата финансиска можност.

Во истата насока, отворивме и наменска жиро сметка чија цел е спас за Тетекс!

Број на сметка: 240190116799126

УНИ Банка

Цел на дознака: спонзорство за спас на ФК Тетекс.

Картите може да се купат од нашите членови, како и на следниве места:

Simple Caffe

Ресторан Гајба

Sportlife кладилница (Тетовчанка)

Двор 21

Ресторан Принц

Бела МИА

Vibe

Ние, тетовчаните го можеме ова! Многу пати сме го покажале и докажале нашето единство при решавање на различни ситуации!

КУПИ КАРТА ЗА СПАС НА ТЕТЕКС !

СО ВЕРБА ВО БОГ, ВОЈВОДИ ДО ГРОБ !

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Промоција на монографија „Урбани пејсажи“ и ликовна изложба „Девојки и сведоци“ на Павле Кузманоски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.