Соопштение на СВР Тетово 6 март 2024
Педесет и едногодишната Н.Љ. од Тетово, вчеравечер (5 март) во 21 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Јордан Златановски“ во Тетово била касната од куче скитник. Притоа, бегајќи, паднала и се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово
Вчеравечер (5 март) околу 21 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 74-годишниот Е.З. од тетовско село, кој дваесетина минути пред тоа бил пријавен од неговата 36-годишна снаа дека физички ја нападнал и дека ѝ се заканил со остар предмет. Задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен поднесок.
Педесет и осумгодишниот тетовец Н.М., ноќеска (6 март) во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека вечерта околу 21 часот во семејниот дом физички бил нападнат од неговиот 31-годишен син, кој имал здравствени проблеми, а кој подоцна бил пренесен во тетовската Клиничка болница. Се расчистува и документира случајот.