• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Бесар Дурмиши од Движење Беса избран за претседател на Советот на Општина Тетово

07/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По вонредните избори на 20 август денеска се одржа конститутивна седница на Советот на Општина Тетово на која за претседател се избра Бесар Дурмиши од Движење Беса кој и во претходниот состав ја извршуваше оваа функција.

За него гласаа вкупно 16 советници што претставува мнозинство од вкупно 31 член, односно 12 советници од Движење Беса и четворицата од ВМРО ДПМНЕ.

-Очекувам овој совет да биде конструктивен, да работи и да носи одлуки за доброто на граѓаните на Општина Тетово. Сега немаме време за чекање имаме многу работи, многу извештаи што не се поминати. Посакувам овој Совет да биде функционален и сите одлуки што ќе ги донесе да ги донесе за доброто на граѓаните.  Треба да се донесат завршни сметки на општината, на училиштата, ребаланс на буџет, има многу проекти што не се поминати. На втората и третата седница во септември и октомври сите овие проекти ќе поминеме за да можат претријатијата да работат како што треба, изјави Бесар Дурмиши.

На новинарско прашање кога седниците кои се пренесуваат во живо на интернет страницата на Општина Тетово ќе имаат превод и на македонски јазик, Дурмиши рече дека за тоа требаат нова апарати за кои треба да се најдат средства.

-Треба да се види во ребалансот и во новиот буџет кога ќе го планираме за идната година да се предвидат средства за да се стават и да се купат елементи за превод на македонски јазик, рече Дурмиши.

Останатите присутни 14 советници од ДУИ, ДПА, СДСМ и Алтернатива гласаа воздржано.

-Ние како СДСМ во Советот ќе делуваме како конструктивна опозиција и сите проекти на мнозинство кои се во интерес на сите граѓани ќе ги подржиме, а тие кои не се нема да ги поддржиме. Партиски став е дека треба воздржано да се гласа, се надевам дека во иднина како советничка група ќе се залагаме за интересите на граѓаните, изјави советникот Глигорије Стојановски.

Првата седница почна да ја води најстариот член д-р Ратко Давидовски, кој по изборот го препушти местото на новоизбраниот Дурмиши.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Во Брвеница откриена спомен биста за загинатиот полицаец Дано Петрески

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.